Дома Фудбал Останато Киелини: Му се восхитувам на Суарез поради „лошотијата“

Киелини: Му се восхитувам на Суарез поради „лошотијата“

Италијанскиот дефанзивец Џорџо Киелини имаше само добро зборови за Луис Суарез и не го памети по лошо Уругваецот и покрај инцидентот на Мундијалот 2014 година.

Тогаш Суарез го гризнам Киелини при еден дуел, но Италијанецот вели дека токму таа позитивна „лошотија“ го прави Уругваецот посебен напаѓач.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Му се восхитувам на лошотијата која ја има на теренот.  Ако Суарез го загуби тој сегмент, ако ја загуби крволочноста, тој ќе биде само просечен играч. Ништо чудно не се случи тој ден на Светското првенство. Го маркирав Кавани во најголем дел од мечот, комплициран играч за чување. Одеднаш, сфатив дека сум гризнат на рамото. Едноставно се случи, но тоа е негова стратегија кога се бори еден на еден“, истакна Киелини.

Суарез и јас сме слични и сакам да играм против такви фудбалери. Неколку дена по мечот му се јавив, но тој не требаше да ми се извинува. И јас сум кучкин син на теренот и горд сум на тоа. Такви работи се дел од спортот. Мораш да бидеш интелигентен да го победиш твојот ривал“, заклучи Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…