Напаѓачот на Гремио, Луис Суарез сепак ќе потпише за Интер Мајами.
Иако јавно призна дека едвај трча и не може да игра без инјекции и апчиња, Луис Суарез ќе продолжи да игра уште некое време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фабрицио Романо денеска потврди дека останува само формалност Суарез да потпише за Интер Мајами.
Таму го чекаат старите соиграчи од Барселона и неговите најблиски пријатели, пред се Лионел Меси, но и Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Суарез се прости од Гремио со победничкиот гол против Васко Де Гама и се очекува наскоро да отпатува за Флорида за да го потпише договорот.
Да потсетиме, МЛС започнува дури во февруари, па Уругваецот пристигнува на почетокот на подготовките во јануари…