Дома Фудбал Италија Страшни прогнози: Манџукиќ се соочува со една од најтешките повреди во кариерата?!

Страшни прогнози: Манџукиќ се соочува со една од најтешките повреди во кариерата?!

Изгледа дека хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ подолг период нема да го гледаме на терените.

Италијанските медиуми изминатите денови известуваат дека напаѓачот на Јувентус заработил повреда на еден од тренинзите и ќе биде надвор од терените неколку месеци.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, според денешните информации говорат дека повредата е од многу потешка природа и дека Хрватот би можел да биде подлегнат на оперативен зафат.

Доколку тоа се случи, Манџукиќ би можел да отсуствува и шест месеци па сосема е јасно дека тоа би било една од најтешките повреди во неговата кариера.

Во текот на актуелната сезона Манџукиќ одигра 21 натпревар, постигна девет голови и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Каков татко, таков син: Реал Мадрид тргнува по синот на Роналдо!?

Од Мадрид доаѓа изненадувачка вест: Кристијано Роналдо Жуниор би можел да потпише договор …