Дома Фудбал Англија Стратешка операција на Мурињо и соработниците: Раководството од „Олд Трафорд“ пушти глас…

Стратешка операција на Мурињо и соработниците: Раководството од „Олд Трафорд“ пушти глас…

0
de gea

Додека на Островот се уште се зборува за желбата да се украде Алексис Санчез од рацете на Манчестер Сити, од „Олд Трафорд“ осамна уште една вест – Жозе Мурињо тргна во реализација на проектот: Де Геа 330.000!

Тоа е она што навивачите на Манчестер Јунајтед го очекуваа во изминативе месеци, Мурињо и неговите соработници да ги отворат преговорите и да го задржат најдобриот голман, со потпшување на нов, повеќегодишен договор.

Ваквата  одлука на Јунајтед не’ изненадува. Практично во секој преоден рок се отвораат нови поглавја за можното заминување на Де Геа, а за интересот на Реал Мадрид и Барселона на големо е познато.

Де Геа влегува во последните 18 месеци од договорот, со тоа Јунајтед има опција автоматски да ја продолжи соработката на уште една година, што остава доволно време да се заклучи голема работа.

Но, во Јунајтед подготвија стратегија и понуда која Де Геа нема да може да ја одбие. Имено, освен тоа што би бил „врзан“ барем на уште следните пет, можеби и шест години, Де Геа би добил плата со која би бил рамо до рамо со Пол Погба, моментално најпплатениот играч на клубот. Поточно со 240 илјади евра неделно би заминал на астрономски 330 илјади евра на крајот од секоја седмица.

Како што се наведува, клубот конечно се одзвал на овој потег, бидејќи Де Геа е познато дека е најдобриот чувар на мрежата, а официјално разговорите би требало да бидат завршени најдоцна до стартот на Мундијалот во Русија, со цел Шпанецот да има психички мир и да ја работи својата задача најдобро што знае.

За ова дилема нема, тоа би бил најдобриот потег на „Црвените ѓаволи“ во изминатава деценија.

Во меѓувреме, Жозе Мурињо, дополнително ја потресе јавноста со интересот за Алексис Санчез, за кого потенцираше дека е интересен играч и посакува да го види во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе An. V.
Load More In Англија

Проверете

Стоперот на Лацио поефикасен од многу напаѓачи

Лацио игра фантастична сезона и моментално се најефиксната екипа во Серија А со 83 постигн…