Дома Фудбал Англија Страв во Арсенал: Лено може да паузира една година

Страв во Арсенал: Лено може да паузира една година

Повредата со која се здоби Бернд Лено во саботата може да се покаже како многу сериозна, пренесуваат медиумите на Островот.

„Сан“ пренесува дека стравувањата во Арсенал се дека германскиот голман може да има скинати вкрстени лигаменти на левото колено и да отсуствува скоро една година.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Лено, кој е еден од најконстантните играчи во формацијата на Артета, беше инесен на носилки после дуелот кој го имаше со Ноел Мопе, а на негово место на голот застана Емилијано Мартинес.

Ако оваа негативна прогноза се потврди, тогаш Арсенал со сигурност ќе мора да интервенира на трансфер пазарот и да донесе нов голман. Се појавија шпекулации дека „топџиите“ можат да го донесат бившиот голман на Манчестер Сити, Џо Харт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…