Дома Фудбал Англија Конечно шанса за новото засилување: Арсенал еден месец без Петр Чех!

Конечно шанса за новото засилување: Арсенал еден месец без Петр Чех!

Голманот на Арсенал, Петр Чех ќе отсуствува од терените еден месец поради повреда, потврди денес англискиот клуб.

Голманот заработи повреда за време на мечот со Вотфорд во саботата и беше заменет со Бернд Лено.

Деталните прегледи покажаа дека Чех има истегнување на мускулот и ќе мора да паузира четири недели.

Тоа ќе биде шанса за новата аквизиција, Лено конечно да покаже зошто беше еден од најбараните голмани ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА го промени системот на Лигата на Нации, еве што тоа значи за Македонија

Европската фудбалска федерација уште во мај најави дека од сезоната 2028/29 Лигата на наци…