Дома Фудбал Останато СТОП за ненормалните трансфери – Чеферин чека „зелено светло“, а потоа започнуваат реформите!

СТОП за ненормалните трансфери – Чеферин чека „зелено светло“, а потоа започнуваат реформите!

Ако го добие тоа што го посакува и најавува, веројатно повеќе нема да гледаме трансфер периоди како последниот.

Претседателот на Европската фудбалска унија, Александар Чеферин денес ги повика европските законодавци да помогнат во спроведувањето правда во фудбалот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Чеферин изјави дека чека „зелено светло“ од оние кои јавно ја осудуваат моменталната ситуација во фудбалот, но исто тоака сеуште не овозможиле таквата ситуација да биде поправена.

Тој се сложи со они кои ги критикуваа фудбалските финансии, после рекордниот преоден рок во кои богатите клубови, посебно ПСЖ, се расфрлаа со пари.

Словенскиот адвокат сака политика на конкурентен баланс кој во овој момент е ограничена. Тоа вклучува ограничени заработки, данок на луксуз, реформи во трансферите, контрола врз текот на парите, ограничување во процентот за фудбалските агенти, солидарен данок на трансферите за финансирање на женскиот фудбал, како и да се забрани сопствеништво на врз два клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џон Џонс откри дека има болест поради која можеби повеќе никогаш нема да се бори

Еден од најголемите борци во историјата на мешани боречки вештини, Jon Џонс (38), откри де…