Дома Останати Стигна потврда: Ѓоковиќ може да игра во Рим

Стигна потврда: Ѓоковиќ може да игра во Рим

Новак Ѓоковиќ пред неколку дена потврди дека нема да се вакцинира дури и по цена да му биде забрането да игра и да се бори за трофеи.

Ѓоковиќ мина низ тешка драма во Австралија во претходниот месец, кога беше депортиран затоа што не примил вакцина.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѓоковиќ ќе настапи во Дубаи, а сега стигна потврда дека без вакцина ќе може да игра и на турнирот во Рим.

Министерката за спорт во италијанската влада, Валентина Везали, потврди дека Ѓоковиќ може да игра на терените во центарот „Форо Италико“.

„Зелените сертификати не се потребни за мечевите што се играат на отворено. Значи, доколку Ѓоковиќ сака да дојде и да игра во Италија, тој тоа може непречено да го направи. Зелениот сертификат важи за рестораните и хотелите“, изјави Везали и дополни дека е можно од 31 март Италија да ги укине вонредните мерки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Анчелоти може да добие отказ и пред крај на сезоната – Перез го избрал наследникот?!

Иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид не е така сигурна како до пред неколку месеци, а…