Дома Трансфер зона Стигна потврда: Младата ѕвезда на ПСЖ се сели во Баерн Минхен

Стигна потврда: Младата ѕвезда на ПСЖ се сели во Баерн Минхен

Баерн Минхен постигна договор со младата ѕвезда на ПСЖ, Танги Куаси, кој ќе биде првото засилување за германскиот шампион.

Куаси наскоро ќе наполни 18 години и важи за еден од најголемите таленти во Франција, а за неговиот потпис интерес покажаа уште Милан и Борусија Дортмунд.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Младиот дефанзивец оваа сезона се пресели во првиот тим на ПСЖ, веќе има вкупно 15 настапи, а дури и дебитираше во Лигата на шампиони.

Неговиот договор со ПСЖ истекува ова лето, па како слободен играч без обештетување ќе се пресели во Минхен.

„Ние бевме блиску до договор со Куаси, но на крајот тој избра да се пресели во Баерн Минхен“, потврди претседателот на Рен, Никола Холвег.

Баварците ја испратија најдобрата понуда, 5-годишен договор тежок 2 милиони евра по сезона, па ја добија битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…