Дома Фудбал Останато Стигна демант: Бејл не кажал дека се враќа во Реал

Стигна демант: Бејл не кажал дека се враќа во Реал

Пред неколку дена во медиумите се појави изјава на Герет Бејл во која велшкиот репрезентативец истакнува дека на лето ќе се врати во Реал Мадрид.

Меѓутоа денес неговиот агент Џонатан Барнет демантираше и тврди дека Бејл не сакал тоа да го каже.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барнет порача дека е рано да се зборува за плановите на Бејл и дека тој по завршувањето на сезоната ќе донесе одлука за својата иднина.

Договорот Бејл со Реал го врзува до летото наредната година, а позајмицата во Тотенхем му истекува на крајот на сезоната. Претходно е објавено дека Реал не би имал ништо против да го откупи договорот на Бејл.

Ќе потсетиме, во Премиер лигата Бејл во Тотенхем одигра 12 натпревари, постигна пет гола и додаде две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кој ќе биде наследникот на Салах? Ливерпул има тројца на маса и буџет од 140.000.000 евра!

Ливерпул е подготвен да инвестира до 140 милиони евра во потрага по наследникот на Мохамед…