Дома Фудбал Англија „Стенфорд Бриџ“ на нозе: Конте потпиша нов договор!

„Стенфорд Бриџ“ на нозе: Конте потпиша нов договор!

Според тврдењето на италијанските и англиските медиуми менаџерот на Челзи, Антонио Конте потпишал нов договор со тимот од „Стенфорд Бриџ“.

Екипата која ја предводи италијанскиот стратег е на првото место на табелата во Премиер лигата, а со оглед на фактот колку добро играат „сините“ тешко дека некој ќе може да ги запре на патот кон титулата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Антонио Конте има договор до 2019 година со Челзи, но челниците на клубот се презадоволни од неговата работа и решија да го наградат со нов договор.

Доколку им се верува на медиумите на Островот, договорот е веќе потпишан и наскоро треба да стигне официјална потврда дека Конте ќе остане на „Стенфорд Бриџ“ до 2020 година.

Конте за многу кратко време стана миленик и вистински идол на навивачите, па со сигурност оваа вест многу ќе ги израдува фановите на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Во Милан донеле конечна одлука за Консеисао!

Сержо Консеисао ќе биде тренер на Милан до крајот на сезоната, а потоа италијанскиот гиган…