Дома Македонски спорт Стартува ЕП во Скопје – на одбојкарите вечерва потребна им е нашата поддршка!

Стартува ЕП во Скопје – на одбојкарите вечерва потребна им е нашата поддршка!

Денес Македонија го започнува Европското првенство во одбојка кое ќе трае до 16. септември.

Прв предизвик за Македонија ќе биде Данска против која ќе играме вечерва од 20:00 часот. Данска е селекција со која можеме да играме, а тоа го покажуваат и меѓусебните дуели. Сме одиграле досега 10 во кои сме победиле на седум од нив.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Желбата и целата на селекторот Миленкоски е како домаќини да се пласираме во вториот круг, секако потребна е и поддршката од публиката.

„Момциве секој ден даваат сè од себе, за да ја претстават Македонија во најдобро можно светло. Ова е најголем одбојкарски настан на наше тло, можност да ја претставиме државата и нашиот спорт. Желба ни е пласман во следниот круг, мислам дека го заслуживме тоа, но не зависи само од нас туку и од противниците.

Потребна ни е поддршка од сите страни, пред се од навивачите, за да се претставиме во најдобро светло и да сториме се за да се пласираме во втората фаза“, изјави Миленкоски во текот на вчерашниот ден.

Во нашата група покрај Данска се уште Црна Гора, Холандија, Полска и Чешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…