Според листата на американската новинска куќа „ЕСПН“, Никола Јокиќ не е најдобриот играч во НБА лигата во овој момент, а тоа ги налути српските медиуми.
За Американците во овој момент најдобар играч во НБА лигата е кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокумпо, додека на третата позиција е Џоел Ембид од Филаделфија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јокиќ минатата сезона ја освои титулата со Денвер и беше прогласен за МВП во финалето, но очигледно тоа не беше доволно за Американците да го претстават како најдобар играч во лигата.
„ЕСПН“ во објавениот текст потсети дека Јокиќ одмарал во текот на летото и дека повремено на социјалните мрежи се појавувале снимки од начинот на кој се забавувал. Минатата сезона Јокиќ ја заврши со просек од 30 поени. 13.5 скокови и 9.5 асистенции по натпревар, а се очекува и во новата да биде на завидно ниво.
The NBArank top 10 is here 📈
— ESPN (@espn) October 12, 2023
Full list ➡️ https://t.co/TiXODqNBfc pic.twitter.com/3hjwV8ROFg