Дома Македонски спорт Мак ракомет Србинот Грубиќ е новото засилување за Охрид

Србинот Грубиќ е новото засилување за Охрид

Ракометниот клуб Охрид доби уште едно засилување за следната сезона, а тоа е српскиот интернациналец Никола Грубиќ.

Грубиќ доаѓа во Охрид од Дубочица Лесковац, а потпиша договор на две години со македонскиот тим.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Среќен сум што ќе бидам дел од Охрид. Благодарам за довербата и се радувам на новите предизвици. Нека ни е со среќа и да оствариме што е можно подобар пласман и излез во Европа“, кажа Грубиќ.

Охрид претходно го ангажираше тренерот Горан Андоновски, а потпиша и со Тоше Очев, Даниел Андоновски, Зураб Цинцаѕе, Хазеин Рустамов и Владимир Бојаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Темелковски ги демантира измислиците дека починал

Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Илија Темелковски се огл…