Дома Македонски спорт Мак фудбал СРАМНО: Амбасадор на Катар државава тепа тренери во Академијата Парк – децата се извадија од памет! 🎥

СРАМНО: Амбасадор на Катар државава тепа тренери во Академијата Парк – децата се извадија од памет! 🎥

Лице по име Јасим Бин Хамад Ал-Тани кое се претставило како амбасадор на Катар во нашата држава предизвикал сериозен инцидент откако тргнал да се пресметува со тренери од фудбалската „Академија Парк“ каде што тренирал и неговиот син.

По завршниот тренинг од засега непознати причини тој со своето обезбедување влегува на теренот и почнува да ги напаѓа тренерите. Во ситуацијата реагирале родителите на останатите деца, а тој тргнал да се пресмета и со нив.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според неофицијални информации еден од тренерите се здобил со повреди на главата. За целиот инцидент се огласија и од ФК Парк, поточно македонската фудбалска легенда, Ѓорѓи Христов кој во ФК Парк ја има улогата на директор.

Човек што се претстави како в.д. амбасадор на Катар дојде со своето обезбедување и почна да бара некоја правда. Прво ме нападна мене, па потоа и тренерот Миле Крстев. За веднаш потоа да извади нешто налик на пендрек и да почне да мавта со него на сите страни. Се случи хаос, децата се извадија од памет, како сега да ги вратиме во колосек седумгодишни момчиња кои беа сведоци на тој настан.

 Дечиња кои се виновни што сакале да бидат новите Барди, Елмас, Ристовски видоа грозна глетка. Едвај ги смиривме синоќа, а сигурно ќе имаат последици од тоа. Апелирам сторителите да бидат казнети најстрого иако според тоа што досега се случува не верувам во такво нешто. Ако имаме нормална држава ова одамна ќе беше разрешено, без јавувања и протекции од највисоките ешалони на власта”, изјави Христов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…