Дома Фудбал Останато Срамна одбрана: Силувањето францускиот фудбалер го правдаше со алкохолизам

Срамна одбрана: Силувањето францускиот фудбалер го правдаше со алкохолизам

Некогашниот француски репрезентативец Бен Једер се појави во судот за обвинувањата за силување, а неговата одбрана медиумите ја пренесуваат како срамна.

Имено, во судот Бен Једер истакна дека не се сеќава на ништо и за стореното дело го обвини алкохолот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Не се чувствувам на ништо не можам да кажам дали сум го направил тоа. Поради алкохолот сум тука. Искрено се извинувам на жртвата, нејзиното семејство и своето семејство“, изјави Бен Једер кој е најдобар стрелец на Монако на сите времиња.

„Поради алкохолот не се сеќавам. Сфаќам дека беше најголема грешка во мојот живот“, изјави фудбалерто кој 19 пати го носеше дресот на Франција.

Исто така тврдеше дека алкохолот му помогнал да го надмине тешкиот период.

„Јас сум осамена личност, тешко ми е да им верувам на луѓето. Излажан сум во многу ситуации. Излез пронајдов во алкохолот“, исто така зборувал напаѓачот.

Во кариерата Бен Једер најдлабока трага остави Монако каде што стана најдобар стрелец во историјата на овој клуб, додека дресот на Франција го носеше на 19 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Александер Арнолд наскоро потпишува за Реал

Реал Мадрид веќе работи на трансферот на десниот бек на Ливерпул, Тренд Алексадер Арнолд, …