Дома Топ вести Спремете се, наскоро ќе го имаме најскапиот: Дибала од 230 милиони!

Спремете се, наскоро ќе го имаме најскапиот: Дибала од 230 милиони!

Јувентус пред две години плати 40 милиони евра за да го донесе Пауло Дибала, а доколку некој сака да го купи во иднина ќе мора да плати шест пати повеќе.

23-годишниот Аргентинец во Торино се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот и стана трансфер мета на најбогатите европски клубови.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Поради тоа „старата дама“ спрема нов договор за Дибала во кој ќе има откупна клаузула од 230 милиони евра, откриваат италијанските медиуми.

Дибала во 105 натпревари за Јувентус постигна 55 гола, а „бјанконерите“ доколку се одлучат да го продадат пред истекот на договорот ќе добијат рекордна отштета.

Ова лето беше срушен светскиот рекорд со трансферот на Нејмар од 222 милиони евра, а дали некој клуб ќе се согласи да плати 230 милиони за Дибала, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…