Дома Фудбал Останато Сплит во страв: Денес пристигнуваат грчки и српски навивачи?!

Сплит во страв: Денес пристигнуваат грчки и српски навивачи?!

Инцидентот кој се случи во понеделникот во Атина се уште е во центарот на вниманието, а сега се појавија информација дека денес во Сплит пристигнале грчки и српски навивачи.

Денес во Сплит играат Хајдук и ПАОК и овој натпревар Грците би можеле да го искористат како еден вид одмазда за нередите кои ги направија Хрвтите во Атина.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Локалното население е во страв од пристигнување на грчки хулигани кои би можеле да бидат помогнати од фановите на Партизан со кои збратимени.

„Нема потврда, но имаме најава дека навивачите на ПАОК може да пристигнат во Сплит заедно со „Гробари“ на Партизан“, објави еден хрватски весник.

Контролата на границите е зголемена. па останува да видиме вечерва дали се ќе помине во најдобар ред. Ќе потсетиме, во нередите во Атина животот го загуби 29-годишниот Михалис Кацурис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…