Дома Фудбал Спировски го раскина договорот со Хапоел Тел Авив

Спировски го раскина договорот со Хапоел Тел Авив

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски го раскина договорот со израелски Хапоел Тел Авив.

Имено, Спировски и клубот се договорија на спогодбен раскин на договорот поради, како што наведува клубот потешкотии поради пандемијата со коронавирусот.

„Тој е многу квалитетен играч, го сакаме и ја разбираме неговата тешкотија и таа на неговото семејство особено во овој период на неизвесност и затоа дојдовме до раскин на договорот. Му посакуваме многу среќа после раѓањето на неговиот прв син и секако многу успех во професионалната кариера.“ – стои во соопштението на клубот.

Оваа сезона нашиот репрезентативец во дресот на Хапоел настапи на 21 натпревари и постигна три погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Соиграчот на Халанд воодушевен: Пронајдовме вистински бисер!

Ерлинг Халанд изрази огромното задоволство од Ајуб Буади (18), едно од најголемите таленти…