Maкедонскиот шампион Струга Трим Лум денеска го промовираше новото засилување, а станува збор за повремениот репрезентативец, Стефан Спировски.
Спировски така на 33-години се враќа во македонскиот фудбал и ќе се обиде да и помогне на Струга има и успешни европски квалификациите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се очекува тој да донесе стабилност во средниот ред. Претходно Струга се засили со Стефан Јевтовски, Кире Ристевски, Арби Воша, Дујмовиќ и Такахара.
Во Македонија Спировски играше уште за Пелистер, Работнички и Вардар, додека во интернационалната кариера беше дел од Борац Чачак, Берое, Ференцварош, Хапоел Тел Авив, АЕК Ларнака, Мариупол, МТК Будимпешта, Пјуник и Етникос. За репрезентацијата на Македонија одигра 55 натпревари.