Дома Фудбал Италија Спинацола оптимист: Сака да се врати на теренот побрзо од предвиденото

Спинацола оптимист: Сака да се врати на теренот побрзо од предвиденото

Леонардо Спинацола беше еден од најдобрите играчи на Италија, но се повреди во дуелот против Белгија, па Италија продолжи без него и стигна до европската круна.

Спинацола беше на „Вембли“ и се радуваше со соиграчите, се спушти и на теренот. Прогнозите беа дека ќе паузира до јануари, но тој најавува враќање многу брзо.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Знам дека најавите беа дека ќе паузирам до јануари ил ифевруари, но јас планирам да бидам на располагање на тренерот во ноември. Можеби нема да биде така, но мојата цел е таа. Во овие моменти одмарам после напорните денови и се чувствувам подобро. Во Тригорија се враќам на 2. август, точно месец после повредата. Сакам да започнам со рутините иако нема да смеам да газам на теренот шест недели“, изјави Спинацола.

Мурињо веднаш оставил силен впечатк.

„Разговарав со Мурињо пред ЕП и по крајот на истото. Веќе ги гледав тренинг сесиите и првиот меч. Жозе ми изгледа како одлична личност, но веднаш може да се забележи дека е тежок тренер, токму затоа е и толку добар“, смета Спинацола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Капело: Јуве – Милан? Неверојатно досадно, во Италија нема квалитетни играчи

Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Фабио Капело, не беше импресиониран од дербито на …