Дома Топ вести Спектакл во чест на „Бледиот Витез“: Познато како ќе изгледа „Ноу Камп“ во последниот натпревар на Иниеста

Спектакл во чест на „Бледиот Витез“: Познато како ќе изгледа „Ноу Камп“ во последниот натпревар на Иниеста

Екипата на Барселона подготви спектакуларна кореографија посветена на Андрес Иниеста.

Шампионот на Шпанија во 38 коло го дочекува Реал Сосиедад во натпревар без резултатско значење и поради тоа споменатиот натпревар ќе биде во знак на Андрес Иниеста.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Бледиот Витез“ во недела се простува од „Ноу Камп“, а очекувањата се наредната сезона да настапува во Кина.

Натпреварот против Сосиедад ќе биде прилика „Ноу Камп’ да се поклони пред еден од најголемите играчи во историјата на фудбалската игра. Веќе најавивме дека Барселона подготвува посебни дресови, но ќе има и посебно кореографија.

„Ноу Камп“ ќе биде обоен во боите на Барселона и каталонското знаме, а на трибината спротивно од онаа која поседува кров ќе биде испишано „Infinit Iniesta“.

Во продолжение погледнете како ќе изгледа „Ноу Камп“ во недела. Натпреварот посветен на живата легенда се игра со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Никој како премиерлигашите: Потрошиле најмногу до сега!

Со трансферот на Ноа Окафор од Милан во Лидс за 18 милиони фунти, ова лето англиските клуб…