Роналд Куман пред неколку месеци ја напушти Барселона, но и понатаму е една д главните теми во шпанските медиуми.
Претседателот Жоан Лапорта реши да го отпушти Куман, а на негово место го ангажираше Чави Ернандез. Куман не го напушти тимот на најдобар начин, а многу фудбалери не го криеја задоволството затоа што Холанѓанецот доби отказ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓу нив е и младиот фудбалер Алекс Коладо, кој беше отпишан кај Куман по само неколку тренинзи.
Младиот фудбалер минатата сезона играше одлично за Барселона Б, по што беше приклучен во првиот тим, но Куман не му даде шанса.
„Можам да кажам дека со Куман ја загубив желбата за тренинзи. Тој воопшто не зборуваше со мене и не ми кажа каде треба да се поправам“, открива младиот фудбалер.