ПСЖ очигледно не планира да застане со големите купувања, а следниот шопинг би можел да биде во Мадрид.
Како што пренесува „OK Diario“, „Светците“ се спремни да издвојат огромна сума на пари за да го доведат фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман. Атлетико на некој начин обезбеди откупна клаузула која изнесува 150 милиони евра, што за Парижаните тоа не е никаков проблем.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Единствено што би претставувало проблем е финанискиот фер-плеј, тоа би значело дека Томас Тухел би морал да се откаже од некој многу важни играчи за да направи место за шампионот на светот. Германецот сигурно нема ништо против оваа опција, но Гризман веќе ја одби Барселона минатото лето и во Мадрид се соменваат дали би сакал да си оди во Париз. Но, сепак ништо не се знае…