Дома Останати Ракомет Сорока промаши седмерец за реми: Одличната Русија поразена од Шпанија

Сорока промаши седмерец за реми: Одличната Русија поразена од Шпанија

Русија успеа брзо да се созема од вчерашниот пораз од Шведска и денес одиграо дличен натпревар против Шпанија, на крајот сепак немаше среќа да биде непоразена.

Имаа Русите предност и од четири гола, но Шпанија со влегувањето на Перез Де Варгас успеа да се врати и на крајот да освои важни бодови со кои дојде на чекор од полуфиналето. Голманот Киреев им правеше големи проблеми на Шпанците.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првото полувреме беше најава дека ќе гледаме интересен меч, на полувреме Шпанците водеа со 11:12. Некаде на 20 минути до крајот Русија имаше предност од четири гола (22:18), сепак тогаш Шпанија се разбуди и тргна по пресврт.

Во самата завршница Русија доби и седмерец со кој може да дојде барем до бод, но Сорока беше трагичар погодувајќи ја само стативата. Прв стрелец кај Русија беше Санталов со шест гола, додека Касадо стигна до седум гола кај Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…