Дома Фудбал Италија Сопственикот на Јувентус му одговори на Ал Тани: Покажете респект кон Роналдо!

Сопственикот на Јувентус му одговори на Ал Тани: Покажете респект кон Роналдо!

Шеикот Ал Тани кој е брат на Емирот од Катар и сопственик на ПСЖ вчера на Твитер објави фотографија од Меси и Роналдо во дресот на ПСЖ.

Ал Тани прв го објави трансферот на Меси, па неговата објава направи „бум“ и медиумите ја протолкуваа како можен трансфер на Роналдо во Париз.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Јувентус, не реагира на вакви објави на социјалните мрежи, но тоа го направи Лапо Елкан, внук на Џани Ањели, и прв човек на компанијата која стои зад италијанскиот клуб.

„Роналдо е фудбалер на Јувентус, крајно непочитување е да му лепите дресови на друг клуб како да е стикер.Ако замине во друг клуб, каде и да оди, ќе добие почитување како човек и спортист. Затоа што за нас, фудбалот е страст, со генерации..“, одговори Елкан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси повторно се врати на Камп Ноу (Фото)

Познатиот аргентински играч од средината, роден во Розарио, ги бранеше боите на каталонски…