Дома Македонски спорт Мак ракомет Сопругата на Тимур Дибиров назначена за нов тренер на ЖРК Вардар

Сопругата на Тимур Дибиров назначена за нов тренер на ЖРК Вардар

ЖРК Вардар објави дека од четвртокот нов тренер на тимот е Ирина Дибирова, порано Полторацкаја, која функцијата го наследи Давид Дејвис Камара.

Ирина Дибирова Полторацкаја (37) е поранешна ракометарка, во кариерата има освоено три светски шампионска со Русија и две титули во Лигата на шампионите (Слагелсе и Звезда). Помошник на Дибирова ќе биде Аце Станковски, кој им беше асистент и на нејзините претходници Кастратовиќ и Дејвис.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Полторацкаја, инаку е сопруга на ѕвездата на машкиот тим на Вардар, Тимур Дибиров.

Таа со ЖРК Вардар работи веќе неколку денови, а на клупата ќе дебитира в сабота на натпреварот со Турингер во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Српски репрезентативец е најново засилување на Вардар

Вардар денеска официјално го претстави српскиот интернационалец Вукашин Воркапиќ како ново…