Дома Фудбал Италија Сонародникот со пофални зборови: Мартинез е комбинација на Игуаин и Икарди

Сонародникот со пофални зборови: Мартинез е комбинација на Игуаин и Икарди

Како што е познато Интер го обезбеди потписот на аргентинскиот напаѓач, Лаутаро Мартинез, а неговиот сонародник и човек кој долги години го носеше дресот на „нероаѕуите“ за него има пофални зборови.

Според Естебан Камбијасо, Лаутаро Мартинез е фудбалер кој е како комбинација на Гоназало Игуаин и Мауро Икарди.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Мартинез ќе биде големо засилување. Тој е нешто помеѓу Игуаин и Икарди“, истакна Аргентинецот.

Потоа новинарите го запрашаа дали Мартинез би можел да игра заедно со Икарди.

„Убеден сум дека можат. Добрите играчи секогаш знаат како да играат заедно. Мислам дека на Икарди и тоа како би му одговарало да го има Мартинез покрај себе“, заклучи поранешниот репрезентативец на Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легенда на Баерн порач: Ако треба да бирам, секогаш би го избрал Левандовски пред Кејн“

Легендата на Баерн и еден од најдобрите средни играчи во историјата на овој тим, Марио Бас…