Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер беше разочаран после ремито со Евертон (3:3), бидејќи неговиот тим прими гол буквано во последната секунда од мечот.
После мечот Солскјер го отпиша својот тим од битката за титулата и изјави дека „црвените ѓаволи“ не се претенденти за титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Игравме добар фудбал во второто полувреме, но примивме три гола од три удари. Кога ќе направите такво нешто, нормално дека сте разочарани. Не сакам да обвинувам никого, но можевме да одиграме подобро при головите. Резултатите го прават расположението и сега загубивме два бода“.
„Титули? Ние не зборуваме за освојување титули. Тимот е многу подобрен, но не треба да не сметаат за кандидати за титулата. Ние само треба да бидеме подобри како тим и да видиме каде ќе завршиме. Но, ако сакаме да одиме напред, не смееме да дозволуваме лесни голови“, изјави Солскјер.