Дома Фудбал Соиграчот на Димитриевски: Можев да останам во Реал, но не сакав и излегов како победник

Соиграчот на Димитриевски: Можев да останам во Реал, но не сакав и излегов како победник

de tomas

Шпанецот засега го обележа 19-тото коло во Примера.

Раул Де Томас е име за кое би требало многу да се пишува во иднина. Во овој момент тој настапува во Рајо Ваљекано како позајмен играч од Реал Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Детето на „кралевите“ со хет-трик го обележа вчерашниот натпревар против Селта Виго.

После овој натпревар тој доби прашање зошто не останал во Мадрид минатото лето кога имал понуда од Лопетеги.

„Не мислам на моето враќање во Реал, тоа е целата вистина. Можев да останам, тоа веќе го кажав еднаш. Лопетеги сакаше да останам, но јас не сакав и излегов како победни. Не сакам да седам на клупа, сакам да се натпреварувам и да играм, тоа ме прави подобар“, изјави Де Томас.

Ќе потсетиме, Де Томас во Рајо е соиграч на македонскиот голман Столе Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…