Навивачот на Ливерпу, Дејв Еванс има една тажна животна приказна…
Еванс ова зимо започнал да собира пари за да оди на финалето во Лигата на шампионите. Уште тогаш тој верувал дека неговиот Ливерпул може да стигне до големото финале и собрал 10.000 фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Успеал да собере пари за патувањето, влезницата и резервацијата во хотелот, но тогаш му бил дијагностициран рак. Поради тоа тој сега ги брои последните денови од животот и единствена жеблба му е да го изгледа финалето, барем од болничката постела.
„Прво се преселивме во Нов Зеланд на 19 декември, а веќе на 22-ри му беше дијагностициран рак“, изјави сопругата на Дејв, Лиз.
„Кажано ни беше дека не може да преживее и дека без хемотарапијата ќе има само уште неколку месеци живот. Беше тоа огромен шок за сите нас бидејќи не беше болен претходно. Моравме да направиме тестови, скенирање и медицински прегледи пред да емигрираме тука и таму ништо не се појави, но почна да го боли желудникот и тогаш дознавме дека е болен“, открива Лиз.
Dave Evans saved £10,000 to go to Madrid but he will now use the money to pay for his own funeral https://t.co/DhmFNQ4OdI
— Liverpool FC News (@LivEchoLFC) May 31, 2019
Пред три недели докторите му даваа уште 14 дена живот. Сега се бори да го изгледа натпреварот.
„Успеавме да заштедиме 10.000 фунти за патување на Дејв во Мадрид, но сега тие пари ќе мораме да ги потрошиме за неговиот погреб“, додаде сопругата на Лиз.
Порака до Дејв испрати и легендарниот играч на Ливерпул, а денес тренер на Ренџерс, Стивен Џерард.
„Биди силен и бори се. Жал ми е што нема да може да дојдеш во Мадрид и да навиваш. Покажа голема храброст и најмалку што можам да направам за тебе е да го снимам ова видео. Чувај се“, му порача Џерард.
Steven Gerrard with a message for Dave Evans, a Liverpool fan tragically diagnosed with terminal cancer pic.twitter.com/DtHh6WCPR8
— View of the Kop (@ViewOfTheKop_) June 1, 2019