Турскиот гигант, Трабзонспор се раздели со хрватскиот стратег Немања Бјелица.
Бјелица имаше договор до 2025 година, но резултатите на клубот не беа како што сите посакуваа, па двете страни одлучија дека најдобро е да се разделат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватот ќе ги добие платите за до крајот на сезоната, меѓутоа се откажа од преостанатиот дел за наредната сезона.
На кормилото на Трабзонспор ќе го замени Абдула Ави кој го водеше клубот од 2020 до март оваа година кога си замина поради лични причина. Инаку, токму Ави е тренерот кој го доведе македонскиот репрезентативец, Енис Барди во Трабзонспор.