Дома Фудбал Останато Случајот „Јовиќ“ решен со 30.000 евра

Случајот „Јовиќ“ решен со 30.000 евра

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ против кого обвинителството во Србија поднесе кривична пријава нема да заврши зад рештки.

Јовиќ се согласил да плати 3.5 милиони динари (30.000 евра) во хуманитарни цели со цел да не оди во затвор.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Лука Јовиќ нема кривично да одговара откако се согласи да плати сума од 3.5 милиони динари во хуманитарни цели. Сумата Јовиќ треба да ја уплати во рок од еден месец“, стои во дел од соопштението на обвинителството.

Ќе потсетиме Јовиќ си направи проблем со прекршувањето на правилата за самоизолација кога од Мадрид дојде во Белград. Српскиот фудбалер тогаш се правдаше дека не бил во целост запозаен со правилата и протоколите за Ковид-19 во Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвездите на Реал му се налутија на Јамал: „Ова нема врска со годините, тој не почитува…”

Во недела во 16:15 часот на Сантијаго Бернабеу се игра новото Ел Класико, а пред дуелот ме…