Со доделување на медалите на најдобрите, викендов заврши меѓународниот кошаркарски турнир за играчи до 16 години „Драган Василов Цевка“. Победник на овој кошаркарски собир во Скопје, е екипата на Слован од Љубљана, која успеа да го победи тимот на Академик од Пловдив со резултат (72:42).
Во борбата за третото место меѓу екипите на Реал Гуровиќ Академија и Шопрон, повеќе среќа имаше српскиот тим кој победи со (70:69).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Петтото место му припадна и припадна на екипаѕа на Црвена ѕвезда од Белград, со победа против романски Клуж од (62:57), a во „македонското дерби“, односно натпреварот за седмото место, вардаровите кошаркари беа подобри од младите „штркови“ на МЗТ Скопје Аеродром со резултат од (71:59).
За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Келер Бендегуз од тимот на Сопрон, а МВП наградата за најдобар играч ја понесе кошаркарот на Слован, Леон Ивичиќ.
Претходно, во натпреварот во забивање победи младиот кошаркар Владимир Цвијетиќ од екипата на Црвена ѕвезда, а во натпреварот во шутирање за три поени, победи Кристијан Желев, кошаркар од редовите на Академик Пловдив.
Пехарите на најдобрите ги доделија претседателот на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска и Горан Василов, син на Драган Василов – Цевка, кои заедно им честитаа на младите кошаркари и им посакаа успешни кариери во иднина.
Од општината Арродром кој беше организатор на овој премиерен турнир, потврдија дека овој собир на млади таленти ќе биде традиционален секоја година, во заедничка организација со Кошаркарската федерација, Олимпискиот комитет и Агенцијата за млади и спорт.