Дома Македонски спорт Мак фудбал Слабо светло во Струмица: Реванш дуелот Пелистер-Лех почнува два часа порано

Слабо светло во Струмица: Реванш дуелот Пелистер-Лех почнува два часа порано

Реванш натпреварот од 1.коло од квалификациите од Лига Европа меѓу Пелистер и Лех (Полска) што ќе се игра во четврток во Струмица ќе почне во 17 часот, наместо во 19 часот како што беше првобитно закажан. До промената на терминот дојде од причина што осветлувањето на стадионот „Младост“ во Струмица е недоволно.

УЕФА го одобри новиот термин за почеток (17 часот). Лех по првиот дуел има предност од 4:0.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Вториот наш тим во Лига Европа, Работнички истиот ден го пречекува Тре Пене тимот од Сан Марино. Дуелот се игра на еден од терените на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот во Скопје,а почетокот е во 17:30 часот.

Од ФК Работнички информираа дека влезниците за овој дуел ќе се продаваат по цена од 150 денари. Влезниците можат да се набават онлајн преку мрежата на МК Тикетс, а на денот на натпреварот и пред самиот влез на комплексот на ФФМ. На првиот дуел Работнички на гости победи со 1:0.

Третиот македонски клуб Шкендија во Лига Европа во четврток гостува кај Дачија во Молдавија, а од првиот натпревар има предност од 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…