Дома Фудбал Англија Скржавите „ѓаволи“: Ниту еден соиграч на Мата не приклучи во неговата хуманитарна акција

Скржавите „ѓаволи“: Ниту еден соиграч на Мата не приклучи во неговата хуманитарна акција

mata

Хуан Мата започна хумантирана акција, но иако се очекуваше да добие поддршка од своите соиграчи тоа не се случи…

Имено, Мата најави хумантирана акција во која ќе се откаже од 1% од својата плата и ќе овој процент ќе го за помош на сиромашните деца ширум светот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанецот оваа акција ја најави во август. Прв му се приклучи Матс Хумелс, набрзо потоа се јави и Џорџо Киелни. Но, никој од соиграчите од Манчестер Јунајтед не му се придружи, а поразителен е фактот што тоа го направија само уште четворица фудбалери од Премиер лигата: Чарли Даниелс (Бурнемоут), Каспер Шмајхел (Лестер), Алфи Мавсон (Свонси) и Бруно Салтор (Брајтон).

Освен нив, иницијативата „Common Goal“ ja поддржаа тренерот Јулијан Нагелсман и неговиот играч Серж Гнабри, Шинџи Кагава од Борусија Дортмунд, Александар Есвеин од Херта, Даниел Дидави од Волфсбург и уште 21 фудбалер и фудбалерки.

Просечната плата во Премиер лигата изнесува одколу 2.4 милиони фунти. Доколку секој играч се вклучеше во акцијата на Мата би се собрале околу 12.5 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…