Дома Македонски спорт Мак фудбал Скопското дерби на „Тодор Проески“: Бил ли Вардар поголем фаворит?

Скопското дерби на „Тодор Проески“: Бил ли Вардар поголем фаворит?

Денес во најсилната македонска лига ќе се сретнат екипите на Работнички и Вардар.

Веројатно од поодамна Вардар не бил фаворит во скопското дерби како денес. На Работнички никако не му оди и се наоѓаат на последното место на табелата. Од друга страна пак Вардар игра одлично и се наоѓа на врвот на табелата заедно со Академија Пандев со по 24 бода.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Работнички и го промени тренерот, но новиот стратег Марјанчо Андрески запиша пораз на гостувањето во Чаир минатото коло.

После 11 кола Работнички има освоено само 11 бода и се наоѓа на последното место со очајна гол разлика од само осум дадени и 15 примени голови.

Вардар прикажува солидна игра има во 11 натпревари има само еден пораз, три нерешени и седум победи, а Гачевски кој одличен на голот само четири пати ја вадел топката од својата мрежа.

Кога во прашање се меѓусебните натпревари во последните пет средби Вардар има три победи, Работнички една, еден натпревар завршил без победник.

Фаворитската улога како што споменавме ја има Вардар, а дали ќе ја оправда ќе видиме денес во 13:30 часот. Натпреварот се игра на арената „Тодор Проески“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…