Дома Фудбал Лига на шампиони Сколс со критики до Мурињо: Треба да имаш малку стил кога ќе победиш

Сколс со критики до Мурињо: Треба да имаш малку стил кога ќе победиш

Манчестер Јунајтед со спектакуларен пресврт и драматична завршница стигна до победа против Јувентус во Торино со резултат 1:2.

Во поголемиот дел од натпреварот не изгледаше дека Јунајтед може да направи нешто во овој натпревар, но сепак „црвените ѓаволи“ во последните минути успеаа да стигнат до пресврт и победа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тогаш Жозе Мурињо ги дочека своите пет минути.

Ги провоцираше навивачите на Јувентус после последниот судиски свиреж и влезе во судир со фудбалерите на Јувентус. Ваквата реакција на Мурињо не му се допадна ниту на Пол Сколс.

„Треба да имате малку стил кога ќе победите. Мислам дека нема потреба за такви работи…Оди до трибините и поздрави ги своите навивачи. Немаше никаква потреба од она што го направи, но тој е едноставно е таков“, изјави Сколс.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Марка тврди, ќе се напише историја: Шпанците ќе имаат 6 тима во Лигата на шампионите

Следната сезона Шпанија ќе има пет учесници во фудбалската Лига на шампионите, со можност …