Денеска беше објавена најновата АТП ранг листа, а нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски скокна за 26 места.
Тој се најде на 305. место што е негов најдобар пласман во кариерата, за една позиција повисок од оној на 7 август годинава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова се должи на пласманот во второто коло на Челиџерот во Братислава и победите во квалификациите.
И другите македонски тенисери кои имаат ранг имаат скок на листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1072. место со 10 поени или има скок од седум места, додека Обрад Марковски е на 1485. место со скок од осум места, а остана со три поени.
Ивановски од денеска настапува на Челинџер 50 турнирот во Хамбург и ќе има можност да го подобри пласманот на следното рангирање. Прв противник му е Холанѓанецот Јеле Селс (449.место).