„Скај Спорт“ пренесува ексклузивни информации.
Како што пренесува германскиот „Скај Спорт“ Пол Погба многу веројатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во летото кое следи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда, а кога се врати повторно мораше да оди на нова пауза. Голем дел од навивачите сметаат дека Погба не е доволно посветен на опоравување.
Погба се врати на „Олд Трафорд“ летото 2016 година за тогаш рекордни 105 милиони евра, зад себе има 143 настапи и 31 гол за „црвените ѓаволи“.
Според информациите на споменатиот медиум следна дестинација на Погба ќе биде некој од Јувентус и Реал Марид.
Познато е дека „бјанконерите“ сакаат да го вратат, направија голем профит кога го пуштија да се врати во Јунајтед, бидејќи претходно го доведоа како слободен играч. Погба најдобриот фудбал го играше токму во Торино, има и добри односи со луѓето во клубот, па не е невозможно да видиме ваков трансфер.
Од друга страна познато е дека Зидан сака да го доведе во шпанската престолнина, во текот на летото немаше ситуација за такво нешто, меѓутоа се очејува „кралевите“ да направат нов обид.