Дома Фудбал Скандал: Слика на Адолф Хитлер се појави на семафор пред натпревар

Скандал: Слика на Адолф Хитлер се појави на семафор пред натпревар

Голем скандал е виден во Соединетите Американски Држави, непосредно пред натпреварот во американски фудбал помеѓу Универзитетот Мичиген Стејт и Мичиген Волверинс!

Имено, домашната екипа направи сериозна грешка кога на семафорот ја „закачи“ фигурата на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Многумина не можеа да поверуваат во она што го гледаат, бидејќи пред себе имаа човек кој е одговорен за смртта на толку многу луѓе ширум светот.

Причината за неговото појавување на екранот беше поврзана со квиз со кој фановите се забавуваат пред натпреварот.

Едно од прашањата било во која земја е роден Адолф Хитлер, а кога Австрија била прикажана како одговор, се појавил неговиот портрет.

Грешката е исправена со суспендирање на одговорните лица, а клубот најави дека повеќе нема да соработува со провајдерот кој бил задолжен за маркетинг на содржината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит: Гвардиола чудно го гледаше новинарот, а потоа му постави едно прашање

Овој викенд Манчестер Сити очекува дуел во шеснаесеттина финалето на ФА купот против ниско…