Дома Фудбал Репрезентации Скандал: На руски репрезентативец не му било дозволено да влезе во Косово

Скандал: На руски репрезентативец не му било дозволено да влезе во Косово

Футсал репрезентативецот на Русија, Иван Чишкала кој настапува за Бенфика добил забрана за влез во Косово каде што требало со својот тим да игра во елитната фаза од Лигата на шампионите.

Бенфика така на турнирот ќе мора да биде без еден од своите најдобри поединци. При обидот за влез во Косово на патувањето за Приштина на Чишкала му бил забранет влез.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На турнирот Бенфика ќе игра против домаќинот Приштина, Добовец од Словачка и Каир Алмати од Казахастан. Победникот на турнирот ќе обезбеди место на „фајнал-фор“ во Лигата на шампионите.

Бенфика веќе го одигра првиот натпревар и тоа против Добовец кој го доби со 4:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Позајмицата на Коло Муани истече: ПСЖ ќе го пушти во Јувентус под еден услов!

Рандал Коло Муани беше на позајмица во Јувентус каде што навистина се истакна со одлични н…