Дома Фудбал Останато СКАНДАЛ: Голманот на Англија се степа со навивачи! (ВИДЕО)

СКАНДАЛ: Голманот на Англија се степа со навивачи! (ВИДЕО)

На друштвените мрежи се појави видео снимка од тепачка во која учествува репрезентативниот голман на Англија, Џордан Пикфорд.

Сегашниот голман на Евертон и голманот на репрезентацијата на Англија влегол во жесток судир со навивачите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Англиските медиуми наведуваат дека Пикфорд бил во градот за да го гледа натпреварот на неговиот поранешен клуб Сандерленд, а до инцидентот дошло вчеравечер.

Наводно, Пикфорд влегол во тепачка со навивачите на Њукасл, најголемиот ривал на неговиот клуб од детството Сандерленд.

Ќе потсетиме, Пикфорд израсна во Сандерленд, а во јуни 2017 година за сума од 30 милиони евра премина во Евертон. После појавувањето на снимките на друштвените мрежи Евертон започна сопствена истрага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нејмар е блиску до нов договор

Нејмар е во напреднати преговори со Сантос за нов договор. Тековниот договор на бразилскат…