Само 24 часа откако си поднесе оставка од должноста претседател на Италијанскиот фудбалски сојуз, кон Карло Тавекио беа испратени сериозни обвинување.
Поранешна вработена во италијанскиот сојуз за весникот „Кориере Дело Спорт“ го обвини Тавекио за сексуално вознемирување и за тоа тврди дека има и докази.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таа откри дека сексуално била вознемирувана цели три години, по што дала отказ и го напуштила Сојузот.
„Со години наназад трпев секусално и психичко злоупотребување, но бев преплашена и затоа молчев. Меѓутоа тврдењата на холивудските актерки за сексуално злоупотребување ме охрабрија јавно да зборувам за ова. Дојде времето и во Италија да се разговара на оваа тема“, изјави Мери.
#FIGC, scandalo su #Tavecchio. Dirigente rivela: "Molestie nel suo ufficio" ↘ https://t.co/46MliMWjMa pic.twitter.com/qGEh0HiBDz
— Angolo Roma (@Angolo_Roma) November 21, 2017
Потоа таа опиша еден од состаноците во неговата канцеларија во Рим.
„Изгледаш добро, гледам дека имаш активен спортски живот. Дојди да ти ги допрам градите. Сами сме никој нема да знае“, зборувал поранешниот претседател ФИГЦ. „Бев навистина збунета и ми беше срам“, открива Мери, која потоа истакна дека видео снимките ги предала на својот адвокат.
Тавекио во понеделникот си поднесе оставка под притисок откако Италија не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија.