Дома Топ вести Скандалот отиде многу подалеку: Дали ова е доказ дека Џака заврши со Арсенал? (ФОТО)

Скандалот отиде многу подалеку: Дали ова е доказ дека Џака заврши со Арсенал? (ФОТО)

Капитенот на Арсенал Гранит Џака направи скандал во натпреварот против Кристал Палас во неделата (2:2).

Арсенал не успеа да го совлада Палас на својот стадион и тоа само по себе немаше да биде толку лошо ако не се случеше инцидентот со Џака.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Репрезентативецотн а Швајцарија им возврати на навивачите при излегувањето од игра. Тој ги провоцираше навивачите кои го критикуваа, а потоа одби да се ракува со Унаи Емери, го соблече дресот и замина во соблекувалната од каде што го напуштил стадионот уште пред натпреварот да заврши.

Скоро невозможно е да се верува дека Џака ќе остане капитен на Арсенал после овој скандал, но се поставува прашањето дали воопшто за него ќе има место во Арсенал.

Дека се случува нешто потврдува и потегот на Џака кој на социјалните ја мрежи ја промени профилната фотографија и место онаа во дресот на Арсенал сега има фотографија во дресот на Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го „краде“ тинејџерот на Барселона?

Според последните информации Челзи е на добар пат да го доведе напаѓачот на Барселона, Мар…