Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони зборуваше на пресконференцијата пред полуфиналето со Хрватска.
Секако главна тема беа скандалите кои настанаа на четвртфиналниот дуел со Холандија, па Скалони застана во одбрана на своите фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа е фудбал. Критиките кон нас не беа праведни, бидејќи ние знаеле како да губиме и да победуваме. Загубивме против Саудиска Арабија и не кажавме ништо. Кога победивме против Бразил имаше убави моменти меѓу фудбалерите, особено меѓу Меси и Нејмар“, изјави Скалони.
„Ја анализиравме Хрватска, тие се навистина неверојатен тим со одлични фудбалери. За мене е задоволство како некој кој го сака фудбалот да го гледам Модриќ на теренот, не само поради квалитетот, туку и респектот кој го покажува кон противниците“, додаде селекторот.