Поранешниот италијански репрезентативец Амаури после 11 години мочење откри шокантен детал од тренингот на Палермо пред натпреварот во УЕФА купот против Вест Хем 2006 година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Никогаш нема да заборавам што се случи тој ден. Се спремавме за натпреварот против Вест Хем, а Гвидолин влезе во соблекувалната со пушка. Ја впери во сите нас и ни се закани дека ќе не убие ако не ги згазиме на терен“, раскажува Амаури.
„Неодамна се видов со Фабио Симплицио и се присетивме на тоа, убаво се смеевме. Меѓутоа, во тој момент воопшто не ни беше сеедно“, додава натурализираниот Италијанец.
„Тактиката“ на Гвидолин вродила со плод, Палермо го декласираше Вест Хем со 3:0 и се пласираше во следната рунда од натпреварување.