Со доаѓањето на Донарума ПСЖ ќе има дури девет голмани.
Тоа е нешто кое до сега не е видено во ниту еден друг клуб во Европа. Според „Л’Eкип“ тројката голмани на ПСЖ во наредната сезона ќе бидат Донарума, Кејлор Навас и Летелиер кој в еќе беше трет голман минатата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Серхио Рико и Ареола би требало да си заминат во наредните недели. Останатите голмани се Денис Бранчи, Марсин Булка, Гарисоне Иносент и Лука Лавале. Сите се членови на првиот тим на ПСЖ, но Покетино не смета на ниту еден од нив.
ПСЖ ќе потсетиме неодамна ги потврди трансферите на Ашраф Хакими и Серхио Рамос.