Пред натпреварот на Болоња за викендот Синиша Михајловиќ со оглед на ситуацијата во Украина доби прашање на таа тема, а тоа спрскиот стратег го потсети на војната во Југославија.
„Овие денови прочитав некаде дека војната ја водат богатите, додека во неа умираат сиромашните. Сигурен сум дека војната не може и не смее да биде начи на решвање на проблемот. Се сеќавам кога станав европски шампион со Црвена Звезда тоа се случи во мојата земја“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Замислете ситуации во кои не можете да ги слушнете вашите родители со недели, не знаете ниту дали се живи. Се сеќавам како слушав авиони како полетуваат во Авиано, тогаш најдов начин да и се јавам на мајка ми и кратко и кажав – за пет минути ќе те бомбардираат оди во подрумот. Се надевам дека се брзо ќе се заврши и наскоро нема да се зборува за тоа. Сите треба да се залагаме за побрзо завршување“, истакна Михајловиќ со солзи во очите.
Bologna coach Sinisa Mihajlovic moved to tears during his press conference today, recounting his experiences with the Bosnian War, the bombings, his family and why everyone has to contribute to peace.
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) February 25, 2022
pic.twitter.com/RG7MOnWlbQ