Манчестер Сити будно ја следи ситуацијата околу Бaкајо Сака и сака да го донесе англискиот репрезентативец на „Етихад“.
Младиот напаѓач има договор со Арсенал уште 18 месеци, но преговорите за негово продолжување се во застој и двете страни не успеваат да се договорат.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Ситуацијата будно ја следат „граѓаните“, кои сакаат да го „украдат“ еден од најголемите таленти на Островот.
21-годишниот Сака игра фантастична сезона и Арсенал ќе направи се за да го убеди да остане.
Меѓутоа, Сити е спремен да му понуди многу повисока плата за да го доведе на „Етихад“.